Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го покажа своето лице на хуманост, учествувајќи во подготовката и дистрибуцијата на над 200 топли оброци за корисниците на народните кујни на Скопската Епархија.

Акцијата се реализираше во просториите на хуманитарната организација „Св. Спас“ во Драчево, во соработка со отец Оливер. „Во денови кога тишината често зборува погласно од зборовите, вниманието и човечката топлина се најголем подарок што можеме да го дадеме. Да направиш некого да се почувствува забележан и поддржан, дури и за миг, е нешто што длабоко ме исполнува како човек“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека соработката со оваа организација трае од нејзините почетоци и дека ваквите гестови се доказ дека добрината сè уште живее во заедницата.

Exit mobile version