Д-р Тиодоровиќ одговори дали на вакцинираните луѓе треба да им се дозволи да се дружат и собираат

Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Белград, д-р Бранислав Тиодоровиќ сема дека во понеделник, кога ќе биде извршен нов пресек на состојбата, бројот на новозаразени нема да падне толку за мерките да бидат ублажени.

Тиодоровиќ рекол дека се наоѓаат во кампања за вакцинација, во чиј склоп најважно е сите мерки кои се донесени да мора да се почитуваат без преседан. 

Тој укажал дека економијата е важна, но дека нема економија без здрави луѓе, ниту здравје без економија.

На прашањето дали мисли дека вакцинираните граѓани треба да имаат некои поголеми права во смисла да им биде дозволено да се собираат, за разлика од невакцинираните, Тиодоровиќ рекол дека тоа ќе биде дозволено ако се е во скад со законите.

„Ако е во склад со кампањата за вакцинирање и со закон, во смисла да се повикуваат луѓето да ги користат сите благодети на нормалниот живот, да. Јас сум за почитување на човековите права“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега