Во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, испрати порака за важноста на подигнувањето на свесноста за донирањето органи. Таа ја потенцираше потребата од солидарност и хуманост преку овој благороден чин во општеството.
„Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме на сите семејства кои во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на своите најблиски и истовремено да упатиме апел и силна поддршка до семејствата кои, во моментите на најголема загуба, ќе одлучат да кажат да за органодарителството како чин на најголемо човекољубие“, истакна д-р Штерјова-Марковска.


