Д-р Пановски: Луѓето многу повеќе веруваат во бајачки, отколку во лекари

Во однос на вакцинацијата, сметам дека е безмислено да се вакцинираат прележаните пациенти после само првиот и вториот месец од излекувањето на короната, како и малите деца, изјави вечерва микробиологот д-р Никола Пановски за ТВ21.

Тој истакна дека во Македонија има неверојатен процент на починати.

 

-Мене ме интересира што кај нас на 300, имаме 15 починати лица што е неверојатен, нечуен процент. Треба да се види што е, дали не ги фаќаме позитивните, затоа што во овие земји што ги кажувате смртноста е 0,1% и пред омикрон и сега, вели Пановски.

Микробилогот додава и дека ваквиот регион е специфичен кога се работи за наука и вакцини.

-Филмот „Исцелител“ е вистинска приказна. Луѓето многу повеќе веруваат во бајачки отколку во лекари. Таков е Балканот, се верува во такви луѓе дека ќе помогнат, оцени д-р Пановски.

29.12.2021 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега