Д-р Несторовиќ: Србите носат на море се што знаат дека постои, не треба да се претерува - ова е најважно

 

Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ вели дека денес модерно е сите да се грижат и плашат, и дека родителите за краток лет до Грција или Црна Гора се подготвуваат како за експедиција на Северен пол и носат со себе многу работи.

„Децата се многу отпорни, ние се раѓаме со отпорност на најголем број болести. Зошто бебињата да не одат на пат? Не се согласувам со претерана заштита на децата, треба да се понесе храна и вода и тоа во доволни количини. Децата се чувствителни на дехидрација и треба да се има храна која е лесна, некоја чоколада или кекс кој релативно брзо ја ублажува гладта“ објаснува тој.

Апелираше до родителите да ги врзуваат децата во автомобилите, затоа што до четвртата година имаат непропорционално крупна глава во однос на телото и при нагло кочење лесно може да излетаат низ шофершајбната.

„Немојте да ги пуштате децата да се забавуваат по автомобилот“, советува Несторович и додава дека иако е противник на давање на телефон и таблет на децата, за време на патување може да ги смирите на тој начин, затоа што за тие неколку часа гледање во екран нема ништо страшно да им се случи.

Додава дека при рака треба да имаат и преслека, затоа што децата често се потат, а за климата во автомобилите вели дека колку е добра толку е и лоша, не само поради млазот студен воздух, туку и затоа што е често контаминирана со габи. Затоа климата треба да се користи умерено, со разлика од 7 до највеќе 10 степени во однос на надворешната температура на воздухот.

Треба да се понесе вели сируп за температура иу предност дава на ибупрофен во однос на парацетамол, за кој вели дека не е толку безопасен. Со себе задолжително треба да имате пробиотик и препарат цинк кој е најефикасен против дијареа.

Советува и носење на сируп за кашлица и фластери.

За опекотини од медуза најдобро е вели да се втрие краставица, додека за убод од еж задолжително треба да се јавите на лекар, затоа што раната ќе загнои.

За заштита од комарци на децата најдобро е да им се дава витамин Б1 затоа што тој на инсектите страшно им мириса.

12.07.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега