Д-р Кон искрено за коронавирусот во училиштата: Ковид-19 со сигурност ќе влезе таму, но нешто друго повеќе ме загрижува

 

Епидемиологот Предраг Кон вели дека епидемиолошката состојба во Србија е сè уште неизвесна, бидејќи вирусот е присутен, а популацијата е многу чувствителна.

„Ситуацијата е поповолна отколку што беше, но мала е веројатноста дека ќе се спуштиме на нула. Белград имаше седум потврдени случаи за еден ден, што е најмалку од први јуни, кога имаше четири новозаразени случаи“, изјави Кон за ТВ Пинк.

Тој изјави дека состојбата се стабилизира, но далеку од тоа дека можеме да се опуштиме.

Говорејќи за почетокот на учебната година и фактот дека вирусот се појави кај еден ученик во училиште, тој рече дека вирусот сигурно ќе влезе во училиштата, да нема заблуди, бидејќи никој не може да го спречи вирусот.

Тој наведе дека целиот клас и наставничката преминале на настава преку Интернет и дека тоа нема да има последици за другите ученици во одделението, бидејќи децата носеле маски и почитувале други мерки за заштита.

„Ова покажа дека системот функционира. Ова е ситуација што може да се очекува во било кое одделение“, изјави Кон.

Тој наведува дека најмногу го загрижуваат средношколците, кои не носат маски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега