Close Menu
Press24
    Најново

    „Вашата ќерка е во болница со скршеница“: еготинчанка платила 3.000 евра за лажна операција

    20.02.2026 во 20:32

    Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници

    20.02.2026 во 20:00

    (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус

    20.02.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Вашата ќерка е во болница со скршеница“: еготинчанка платила 3.000 евра за лажна операција
    • Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници
    • (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус
    • Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци
    • Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието
    • Мицкоски утре на терен: Ќе изврши увид во градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани
    • Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
    • Пиромнот кој го запали автомобилот на Бака Прасе одбива да зборува
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Д-р Јован Божиновски е нов вд директор на Клиниката за неврологија

    Д-р Јован Божиновски е нов вд директор на Клиниката за неврологија

    13.10.2025 во 15:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Доктор Јован Божиновски е именуван за нов вд директор на Универзитетската клиника за неврологија, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

    Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски. Тој беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.

    – Во врска со објавениот видеоматеријал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, точка 4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните здравствени установи, во овој случај нарушување на угледот на институцијата, поранешниот директор д-р Игор Кузмановски во петокот е разрешен и денеска е назначен нов директор д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, истакна Алиу.

    Тој посочи дека завчера имале неколку состаноци и контактирале со Лекарската комора, формирана е комисија од Министерството за здравство, побарано е да биде направен инспекциски надзор во таа институција, а поврзано со тој доктор. Потенцира дека очекуваат извештај од нив, кој ќе биде споделен со јавноста. 

    Одговарајќи на новинарско прашање Алиу рече дека во телефонскиот разговор со Лекарската комора  е информиран дека му е истечена лиценцата на доктор Кузмановски и дека прашањето е дали таа ќе се продолжи.

    – За продолжувањето и издавањето на лиценци е надлежна Лекарската комора. Ќе чекаме од нив информација. Бараме детален извештај за неговата работата кој ќе биде проверен од МојТермин со Клиниката заедно со директорот, ќе биде проверен до кое ниво, каков тип пациенти има прегледано, кој тип здравствени услуги давал. Баравме и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да пристапат и веројатно се веќе таму. Размислуваме да направиме нов модул кој ќе биде поврзан со лиценците и во моментот кога истекува лиценцата да се блокира акаунтот на тој доктор. Тоа произлезе од оваа ситуација, рече Алиу и додаде дека по извештајот ќе се формира стручна комисија. 

    Одговарајќи на новинарско прашање дали и на други директори на клиники им е истечена лиценца, Алиу рече дека таа матрица на податоци е јавна и нивниот центар за процесирање податоци во текот на денот ќе му даде извештај за тоа колку лиценци се при крај и колку се истечени. 

    В.д. директорот на Клиниката за неврологија, Божиновски рече дека се наоѓаат во специфичен момент и дека со право македонската јавност е загрижена за сите овие случувања.

    – Сакам да ве уверам дека од моето преземање, практично од овој момент Клиниката за неврологија ќе функционира непречено. Сите дијагностички консултативни амбуланти ќе функционираат непречено. Сите лекувања на пациентите ќе бидат во рамките на медицина базирана на докази, а ќе се залагам уште повеќе од овој момент, бидејќи клиниката е во процес на акредитација, да се забрза тој процес на акредитација за да се спречат токму ваквите појави кои за жал се случуваат, истакна Божиновски.

    Посочи дека на негова иницијатива од денеска ќе се формираат две интерни комисии на клиниката со што ќе се иницира внатрешен стручен надзор над работата на минатиот директор во период од 12 месеци со цел да се направи една објективна проценка за квалитетот на услугите и стручните препораки кои тој ги давал. 

    – Паралелно ќе се формира нова комисија за која ќе се процени административното работење во рамките на законските овластувања и работните прописи. Сето ова кога ќе биде разгледано јавноста ќе биде информирана за добиените факти, истакна Божиновски.

    Додаде дека ќе се поведе и дисциплинска постапка и дека ќе го почекаат извештајот на ДСЗИ и стручната комисија на Министерството за здравство, за да не избрзуваат, бидејќи се наоѓаат во сензитивен период.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    СДСМ: Сопругата на Орце Георгиевски со чанта од 30.000 долари?

    20.02.2026 во 14:33

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.