Д-р Гојковиќ предупредува: Ни се заканува сценарио како во Италија и Шпанија, сите мора да ги почитуваме мерките

Докторот Зоран Гојковиќ и денеска предупреди дека здравствениот систем во Србија е пред пукање и дека му се заканува сценарио како во Италија и Шпанија, доколку сите не ги почитуваат заштитните мерки.

Гојковиќ поради неиодговорното однесување на граѓаните, рекол дека оние кои не носат маски треба да потпишат дека не сакаат помош, наведувајќи дека тоа сценариот не е можно, бидејќи во Србија лекувањето е задолжително.

„Ќе видиме за седум дена што ќе ни донесат мерките, дали ни дошло памет“, рекол Гојковиќ.

Забележал дека многумина мислат дека вирусот е некој лесен грип, но дека очекувал дека луѓето ќе созреат за два месеци, наведувајќи дека во некои земји нема голем број на заразени токму поради почитувањето на мерките.

„Нам тоа засега не ни оди. Се обидуваме да го вратиме животот во нормален тек. Не можеме да бидеме затворени една година, две, три, но треба да научиме дека не можеме до вакцината да се однесуваме како пред короната“, нагласил Гојковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега