Д-р. Дуковски: Власта потфрли по сите параметри во борбата против корона

Надлежните потфрлија по основ на сите параметри меѓу кои ефикасноста на спроведени мерки, откривањето на заразени и бројката на спроведените тестирања, изјави Душко Дуковски од Палатата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е со најлоши резултати во регионот, но и во светот, во борбата против Ковид-19. Имаме најмногу заболени на милион жители, имаме најмногу починати на милион жители. Од ден на ден се зголемува и бројката на новозаболени медицински лица. Површноста на надлежните не доведе во оваа ситуација. Дополнително, не убедуваат вирусот слабее, се е под контрола, ова е „новата нормалност“. Нормалност е кога постои контрола врз епидемијата, и кога има стратегија за справување со коронавирусот, тогаш можеме да кажеме дека има нормалност“, рече Дуковски.

Тој потсети тоа што го нарекувале пик пред два месеци изнесувало 30 новозаболени, и еден или двајца починати дневно, а денес има троцифрени бројки на новозаразени и дуплиран е бројот на починати.

„Цената на површноста и неспособноста е голема. Здравјето на граѓаните е приоритет. Одговорност мора да има“, рече Дуковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега