Д-р Беќаровски: Ако денеска почнеме да се однесуваме одговорно Нова Година можеме да ја дочекаме на плоштад

Доктор Нико Беќаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма уште еднаш апелираше колку е важно да се почитуваат трите основни мерки за заштита: носење маска, држење дистанца и редовно миење раце.

-Има луѓе кои бројките на смртност ги споредуваат со општата смртност. Ние требаше да објасниме зошто општата смртност не е зголемена или само малку е зголемена. Ние бевме во карантин три месеци каде сообраќајките се намалија за 70 посто. Обичниот грип го запревме уште во март, и немаме компликации од грип. Ако почнеме денеска да се однесуваме одговорно, Нова Година можеме да ја дочекаме на плоштад. Со 60 дена строго придржување до постоечките мерки ќе го ставиме под контрола вирусот, рече Беќаровски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега