Д-р Балевски: Нема да оставиме ниту еден пациент, а притоа да не му најдеме место во болница

Во охридската болница сите капацитети се исполнети. Одделенијата се преадаптирани. Правиме реорганизација, и сме во состојба да примиме 40-45 пациенти, а притоа да оставиме болницата да може да ги лекува и другите пациенти со различни болести, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорот на ЈЗУ Општа Болница, Горан Балевски.

-Акцент е ставен на интерните одделенија и ротација на интернистите кои во случај на пандемија ја преземаат одговорноста на инфектолози. Нема да оставиме ниту еден пациент,  а притоа да не му најдеме место во болница доколку е тоа потребно, вели Балевски и додава дека во целата пандемија голем дел од одговорноста ја презема охридската болница.

Охриѓани излегоа доста дисциплинирани, вели д-р Балевски.

-Сите сме уморни, но единствена вакцина во овој момент е почитување на мерките. Сè е до нас. Откако почнаа апелите гледам дека луѓето доста се придржуваат. Летово имавме многу малку пациенти од Охрид. Луѓето кои што ги носат овие мерки се луѓе со искуство. Мораме да ги почитуваме ако сакаме да ја победиме оваа пандемија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорот на ЈЗУ Општа Болница д-р Горан Балевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега