Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветков: Реконструкцијата е само политичка козметика,  нема да донесе подобар живот за граѓаните

    Цветков: Реконструкцијата е само политичка козметика,  нема да донесе подобар живот за граѓаните

    13.07.2026 во 22:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, рече дека најавената реконструкција на Владата е обична политичка шминка  и призанине на власта дека досегашните политики потфрлиле, па наместо суштински промени, прави само замена на имиња без одговорност и без решенија за граѓаните.

    Тој посочи дека најдобар доказ за тоа е примерот со Министерството за земјоделство, каде што пред само еден месец  власта ја одби апелацијата, а денес, токму истата влада го менува министерот.  

    Во продолжение интегрално ја пренесуваме изјавата на пратеникот на СДСМ, Борче Цветков:

    Пред нас денес е предлог за реконструкција на Влада, потег кој власта се обидува да го претстави како чин на нова енергија. Но кога ќе ги тргнеме настрана политичките памфлети и кога ќе ги погледнеме фактите, станува кристално јасно дека оваа реконструкција не е ништо повеќе од обична шминка и задоцнет обид да се поправи штетата. 

    Најдобар доказ за тоа колку оваа Влада доцни со реалната перцепција на состојбите е токму Министерството за земјоделство.

    Почитувани колеги, пред само еден месец ние како опозиција поднесовме интерпелација за досегашниот министер за земјоделство. 

    Тогаш од оваа иста говорница нè убедувавте дека сè е во најдобар ред, дека нашите критики не се основани и дека земјоделството цвета. 

    Ја одбивте интерпелацијата за да денес со оваа реконструкција вие самите го менувате истиот тој министер. 

    Ова е директно признание за две нешта. Прво, признавате дека опозицијата навремено и точно ги детектира сериозните проблеми во државата и второ, докажувате дека оваа Влада нема капацитет сама да ги увиди сопствените аномалии, туку реагира дури тогаш кога притисокот од јавноста и аргументите на опозицијата ќе станат неиздржливи.

    Наместо навремена, добивме задоцнета реакција. Но она што уште повеќе загрижува во овој предлог е она што не е променето. Намерата на оваа прераспределба очигледно не е подобрување на квалитетот на институциите, туку задоволување на внатрекоалициските апетити. Ако намерата беше навистина меритократија, ефикасност, тогаш промените мораат да почнат од столбовите кои во изминатиот период целосно потфрлија.

    Каде е одговорноста за Министерството за финансии кое се соочува со сериозни економски предизвици кои граѓаните ги чувствуваат по сопствениот џеб секојдневно? Каде се промените во Министерството за надворешни работи? Каде наместо дипломатска офанзива гледаме пасивност во клучни моменти за европската иднина на нашата земја? Овие ресори се најслабите карики во оваа владина структура, а тие остануваат целосно недопрени.

    Тоа ни укажува дека целта на оваа реконструкција е секаква друга, само не подобар живот за граѓаните. Сите овие клучни сектори потфрлија во работењето, создавајќи перцепција кај јавноста дека имаме една од најнеефикасните влади од независноста до денес.

    Колеги, со ротација на неколку функции не се решаваат системските проблеми. Не може со козметички зафати да ги скриете суштинските неуспеси во економијата, безбедноста и надворешната политика. Затоа оваа реконструкција не ја заслужува нашата поддршка.

    Граѓаните не бараат нови партиски пазарења за фотелји, туку бараат реални резултати кои оваа Влада, како што гледаме и денес, едноставно нема капацитет да ги испорача. Затоа денес испраќаме јасна порака. Реконструкцијата само по себе не е успех. Таа ќе биде успешна само ако донесе подобар живот за граѓаните. Во спротивно ќе остане запаметена како уште една политичка операција без вистински резултат.

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.