СДСМ преку прес-конференција на Симона Цветановски упати остро барање за итна оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Поводот е последната трагедија во скопски Карпош каде згаснаа животите на мајка и дете, а опозицијата тврди дека МВР директно потфрлило во нивната заштита.

Според Цветановски, за сторителот имало дури 12 пријави за семејно насилство во изминатите две години, но соодветна реакција немало. „Полицијата морала да постапи по службена должност дури и кога пријавата е повлечена. Да делувале навреме, трагедијата можеше да биде избегната. Проблемот почнува од врвот и затоа бараме одговорност“, порачаа од СДСМ.

Exit mobile version