Вкупно 25 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата. Од Центарот за управување со кризи информираат дека заклучно со изутринава, активни остануваат уште два пожари.

Се интервенира во селото Горно Лисиче во Општина Аеродром, каде огнот зафатил ниска вегетација, дрва и пченка, како и на депонијата на излезот од Крива Паланка. Пожарот над селото Зелениково е ставен под контрола.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи, целосно се ликвидирани 22 пожари во повеќе општини. Изгаснати се пожарите во Гази Баба, Ѓорче Петров, Сопиште, Арачиново, Студеничани, Карпош, Новаци, Долнени, Прилеп, Чашка, Велес, Росоман, Струга, Липково, Врапчиште, Желино, Гостивар и Делчево.

Exit mobile version