Close Menu
Press24
    Најново

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК: Регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен

    ЦУК: Регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен

    20.07.2026 во 21:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор до 18 часот, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Активен е пожарот во Општина Старо Нагоричане, на атарот меѓу селата Степанце и Добрача, каде што гори сува трева и ниска шума.

    Под контрола се два пожара и тоа во Општина Василево, кај селото Доброшинци, каде што гори депонија, како и во Општина Босилово, кај селото Штука, каде што е зафатена депонија и нискостеблеста шума.

    Според ЦУК, изгаснати се пет пожари. Тие биле регистрирани покрај автопатот Тетово–Гостивар, во близина на селото Врбјаниште во Општина Гостивар, каде што горела ниска вегетација, потоа во Општина Новаци покрај локалниот пат од селото Новаци кон месноста Ергела, кај ФЕЦ Новаци, каде што била зафатена ниска вегетација.

    Изгаснати се и пожарите во атарот на селото Бели во Општина Кочани, каде што гореле сува трева и диви депонии, на улицата „Мајка Тереза“ во Струмица, како и на улицата „Западен Булевар“ во Кавадарци, каде што биле зафатени сува трева и хаварисани возила.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.