ЦУК предупредува: Внимавајте на одрони, познати се локациите каде е отежнато движењето поради снежните врнежи

Дождот што врне на целата територија на државата, на повисоките места премина во снег, објави Центарот за управување со кризи.

Конкретно, на планините во западните и североисточните делови над 1.000 метри надморска височина врне снег. На делницата од Крива Паланка на околу три до пет километри од пред граничниот премин ,,Деве Баир” е отежнат прооден дел од патот.

Надлежните за магистралните патишта веќе преземаат активности за чистење на критичните точки на повисоките места.

-ЦУК апелира до граѓаните, кои планираат да патуваат, а и тие што веќе патуваат да бидат внимателни на патиштата, како заради дождот и снегот, така и заради можни одрони. Истовремено да ги следат и информациите на надлжните служби, а и медиумите, коишто за истите критични точки и патни правци ја информираат јавноста, информира ЦУК.

14.10.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега