ЦУК: Изминатото деноноќие 12 пожари на отворено, четири се уште активни
Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 12 пожари на отворено, од кои четири се уште се активни. Активни се пожарите во Општина Градско, меѓу селата Виничани и Свеќани, каде гори нискостеблеста шума и сува трева, во село Цер, Општина Кичево, каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека, Општина Ново Село, во месноста „Хаџиица“, на границата со Бугарија, каде гори букова шума и во Општина Дојран, меѓу Стар и Нов Дојран (чад во депонија).
- Изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во Општина Кичево, село Другово (ѓубриште); Општина Свети Николе, во градот (ѓубре); Општина Штип, градски гробишта во Штип (сува трева); Општина Куманово, кај месноста викана „Бавче“, кај ООУ „Наим Фрашери“ и кај гробиштата во село Клечовце (сува трева); Општина Старо Нагоричане, кај гробишта во село Пелинце (сува трева) и во Општина Тетово, месноста викана „Расадиште“ (сува трева), соопшти утрово ЦУК.
Од ЦУК информираат дека изминатите 24 часа имало вкупно 2 225 повици на бројот 112, од коишто „реални“ биле 63,96 отсто, а 36,04 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 55,39 отсто, кон итната медицинска помош 31,13 отсто, а кон пожарникарите 10,54 отсто од реалните повици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа