Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, и на Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, Јусуф Сопа, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Целта на Меморандумот е да се воспостави партнерство меѓу двете институции за унапредување на системот за превенција и рано предупредување од цивилни ризици и опасности, како и за поефикасно справување со последиците од несреќи и катастрофи.
Од Центарот за управување со кризи нагласуваат дека ова партнерство ќе придонесе за:
Навремено информирање на јавноста во ситуации кога е загрозена безбедноста на граѓаните, побрза и посигурна размена на информации, подобра координација меѓу институциите.

