Црвен крст го претстави процесот „Трансформација 28“

Црвен крст на Република Северна Македонија одржа работна средба со претставници од медиумите за најава и претставување на процесот „Трансформација 28“.

Како што информира Црвенот крст, целта на средбата беше да се дефинираат областите на процесот кои треба да се засноваат на транспарентност и отчетност пред сите корисници, партнери и поддржувачи за што, како што наведува, од искучително значење е вклученоста и консултирањето со претставниците од медиумите.

-Учесниците на работната средба низ дискусии дадоа придонес со својата ескпретиза и искуство во можностите за јакнење на видливоста на работата на Црвениот крст на РСМ во заедницата, соопшти Црвен крст.

12.05.2022 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега