Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Црна серија на пијанство зад волан: Во Македонска Каменица и Берово возењето завршило со судар

    Црна серија на пијанство зад волан: Во Македонска Каменица и Берово возењето завршило со судар

    21.12.2025 во 12:32
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Четворица возачи завршија во полициска станица во една ноќ поради возење под тешко пијанство. Акциите се спроведени во Македонска Каменица, Берово, Битола и Струмица, а кај двајца од приведените, алкохолот веќе предизвикал сообраќајни несреќи пред да интервенира полицијата.

    Најкритично било во Македонска Каменица и Берово, каде возачи со „Ауди“ и „Пежо“ изгубиле контрола над возилата. Кај нив се измерени над 2 промили алкохол.

    Во Битола и на патот Валандово-Дојран, полицијата успеала навреме да исклучи од сообраќај двајца возачи пред да предизвикаат инцидент. Битолчанецот возел со 1,75 промили, додека кај возачот од струмичко Смолари биле измерени 2,06 промили.

    По комплетирање на документацијата, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    „Лишени од слобода возачи во Македонска Каменица, Берово, Битола и Струмица затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачите од Македонска Каменица и Берово предизвикале и сообраќајни несреќи. По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР во своето соопштение.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.