Чулев: Случаите со Јанкулоска и мојот советник се заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета

Поранешниот  министер за внатрешни работи Наќе Чулев случаите со екс министерката Гордана Јанкулоска и неговиот поранешен советник ги опиша како заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

-Првиот е поврзан со ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која лично ја познавам и со која сум имал извонредна соработка. Мојот впечаток и впечатокот на колегите со кои сум разговарал во Министерството за внатрешни работи е дека станува збор за исклучително чесна и одговорна личност, која во своето работење постапувала исклучиво во согласност со законите. Тие велат дека Гордана Јанкулоска е министер кој максимално посветено и одговорно го водел МВР. И во таа насока конретниот судски случај и денешната одлука е уште една форма на политички притисок насочена кон заплашување на вработени и поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи. Давам силна и искрена поддршка за Гордана Јанкуловска да истрае во овие моменти, и уверен сум дека ќе дојде време кога вистината за нејзината работа ќе излезе на виделина.

Вториот случај е со дисциплинската постапка и отказот против поранешниот советник во мојот кабинет, Зоран Ѓоргиевски – Чикаш. И покрај тоа што за него од моја страна за направениот пропуст беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и беше строго казнет, истата беше поништена и во нова крајно политизирана постапка, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски прави преседан и носи одлука за прекинување на работниот однос. Класично политизиран случај за кој сум сигурен дека судската разрешница ќе покаже дека во овој, како и во многу други случаи раководството на Министерството за внатрешни работи постапило спротивно на законските прописи. Како човек во чиј тим бил и Зоран Ѓоргиевски, стојам позади него. Воедно, ги охрабрувам сите вработени кои се соочени со вакви или слични притисоци своите права да ги побараат пред надлежните комисии и правосудни органи.

На крајот потенцирам дека Министерството за внатрешни работи мора да се прифилира во професионална институција во која се почитуваат правните акти и ќе владее правото и правдата и мерит системот, а вработените ќе бидат ослободени од политичките притисоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега