Чулев: Повикувањето на разговор на Мицкоски и на мојот советник показател за неселективна правда

 

Повикувањето на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидер на партијата што ме предложила за министер за внатрешни работи, и на мојот советник на разговор затоа што прекршиле владина одлука со која се забранува престој во затворен објкет, само покажува дека се остварува она што го најавив кога дојдов на оваа функција за неселективна правда, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека МВР во координација со Јавното обвинителство ги повикало на разговор Мицкоски и неговиот советник, кои ја признале грешката заради незнаење.

Чулев, во таа насока потенцира дека во иднина ќе бидат повикани не само како во конкретниот случај Мицкоски и неговиот советник Љупчо Андоновски, туку сите што ќе го прекршат законот.

На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен,  министерот Чулев рече дека треба да се види како ќе заврши постапката

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега