Човекот кој ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети“ сам се пријавил во полиција

 

Оној кој вчера ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид и бил познат на полицијата уште од самиот почеток, бидејќи тој своеволно се пријавил откако го искршил делото, пренесува „МКД.мк“ повикувајќи се на извори од истрагата

„Сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка а не со секира како што се пишува ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и сам се пријавил. При тоа раскажал што се случило, како се случило и зошто го направил тоа", велат изворите на МКД.мк

Од МВР пак за сега нема никаква информација за тоа кој го сторил делото и кои биле мотивите за кршење на таблата. Портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски во телефонски разговор кратко ни кажа дека во текот на денот МВР ќе излезе со официјално соопштение.

На официјалната фејсбук страница на клубот вчера беше објавено дека напаѓачот со секира го нападнал новиот бугарски културен центар во Охрид.
„Вандализмот започна додека во клубот се одржуваше состанок меѓу членовите на здружението и надворешни посетители. 

13.10.2022 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега