Членството на Украина во НАТО- клучно прашање на денешниот состанок на лидерите на Алијансата

 

 

Лидерите на земјите од НАТО денеска треба да ја усвојат нацрт-декларацијата на вториот, последен ден од самитот на Алијансата во главниот град на Литванија.

Клучното прашање на документот и на собирот на претседателите и премиерите на земјите-членки е барањето на Украина за влез во НАТО.

Пред седум часот наутро, по средноевропско време, ќе се соберат на самитот во ЛИТЕКС, саемски простор специјално реновиран за оваа прилика во продолжение на работата на самитот, додека планирано e и кратко обраќање на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтеберг и премиерот на Јапонија, како земја партнер на западната воена алијанса.

Подоцна е планиран состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, со Шведска, индо-пацифичките партнери и ЕУ.

Со најголемо внимание се очекува медиумската конференција на Столтеберг и претседателот на Украина Володимир Зеленски, кога треба да се слушне дали официјален Киев е задоволен од предлогот на НАТО за пакетот за Украина.

Тој пакет вклучува три елементи: прескокнување на акцискиот план за членство, формирање на Советот НАТО-Украина и натамошна воена помош за војната со Русија.

По таа конференција, нареден е состанокот на Советот НАТО-Украина на ниво на шефови на држави и влади, со Шведска.

Завршниот говор на самитот Столтенберг ќе го одржи на прес-конференцијата, која е планирана за 14:30 часот по средноевропско време.

Потоа ќе соопшти дали е усвоена декларацијата која, според сработеното во нацртот, се однесува на Србија и дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во точките 77 и 78 пишува дека зајакнувањето на односите НАТО-Србија би било од корист за Алијансата, Србија и целиот регион, пренесува српската новинска агенција „Танјуг“.

Тие наведуваат и дека ги повикуваат Белград и Приштина на итна деескалација, враќање на дијалогот и спроведување на договорите од Брисел и Охрид.

Генералниот секретар на НАТО претходно во Вилнус изјави дека е во постојан контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека е подготвен да се сретне со него.

Тој ова го кажа пред почетокот на самитот на НАТО, на прашањето на „Танјуг“ дали ќе се сретне со Вучиќ, зошто КФОР дозволува присуство на специјални единици од Приштина и покрај противењето на Србите и што може да се направи за тоа.

„Ја следиме ситуацијата на северот на Косово. Ги повикуваме двете страни да се деескалираат и да не преземаат дејствија кои би ја влошиле ситуацијата и би ги зголемиле тензиите во регионот“ рече Столтенберг.

Тој додаде дека КФОР го зголеми своето присуство во Косово со неколку илјади дополнителни војници, со цел, како што рече, да се спречи „нестабилноста и насилството“ во изминатите неколку недели.

12.07.2023 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега