Чикаго како див Запад: Ново крвопролевање во САД, петмина убиени, десеттина ранети

Пет лица биле убиени, а десетина ранети во Чикаго, во три одвоени пукања.

Четири мажи и четири жени биле погодени од огнено оружје во околу 21:20 часот во близина на Гарфилд парк во вторникот на западната страна на Чикаго, а веројатно имало "неколку извршители на злосторството", додала полицијата.

Тие итно биле префрлени во болницата во близина, каде било утврдено дека еден 38-годишен маж е во критична состојба, јавува "AP".

Пукањето се случило 16 часа откако три жени и еден маж биле убиени, а четири лица ранети од огнено оружје во куќа во јужниот дел на градот.

Полицијата се уште не уапсила никого поради пукањата, ниту пак биле уапсени извршителите од третиот инцидент во кој бил убиен тинејџер во населбата Гаџ Парк.

Полицијата додала дека напаѓачот отворил оган на тинејџерот и на уште еден маж, кој е во критична состојба.

16.06.2021 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега