Чичко си го нападнал внукот со метален предмет во тетовско

Триесет и шестгодишна жителка на Тетово вчера половина час пред полноќ пријавила дека еден час пред тоа, била физички нападната од 36-годишниот сопруг. Пријавениот сопруг околу 1 часот лишен e од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

-Вчера во 16 часот и 35 минути, 25-годишен жител на тетовско село во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот бил физички нападнат од неговиот стрико Ф.С.(68), кој при нападот, според пријавеното, употребил и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Малолетник од Тетово вчеравечер во 22 часот, заедно со неговиот татко, во СВР Тетово пријавиле дека околу 20 часот и 30 минути, во Трговски центар во Тетово, каде бил со двајца другари, физички бил нападнат од друг малолетник од тетовско Желино.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега