Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ

    Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси: В понеделник ќе се знае сѐ

    16.07.2026 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири компании се јавиле на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сепак не открива кои се компаниите и вели, в понеделник ќе се знае откако ќе го добие извештајот од Комисијата за евалуација.„Во понеделник ќе го добијам извештајот, можам да кажам дека четири компании аплицирале. Навистина се надевам дека овојпат повикот ќе биде успешен и дека ќе имаме успешна набавка на автобусите. Имајќи ги предвид искуствата од минатиот повик, се надевам дека е поука и за компаниите да понудат добра и квалитетна документација“, изјави Николоски.

    На прашањето дали станува збор за европски компании и дали меѓу нив има учесници од претходниот оглас, Николоски рече дека не располага со тие информации, бидејќи не сакал да влијае врз работата на Комисијата.

    „Законот вели дека се формира Комисија, составена од претставници на Министерството за транспорт и Машинскиот факултет, а министерот е известен со извештај. Токму затоа што оваа постапка побудува голем интерес, не сакам на ниту еден начин ниту да влијаам, ниту да се мешам во работата на Комисијата. Во моментот кога ќе го добијам извештајот, тој ќе биде споделен со јавноста“, посочи тој.

    Повторениот тендер беше распишан откако претходната постапка за набавка беше поништена. Според тендерската документација, автобусите треба да бидат во црвена или бела боја, со најмалку 30 седишта плус возачкото, капацитет за најмалку 66 патници, место за инвалидска количка и мануелна пристапна платформа. Полначите треба да имаат моќност од најмалку 120 kW по приклучно место, а избраниот оператор ќе треба да обезбеди четиригодишна гаранција и редовно одржување на автобусите и станиците за полнење.

    Сто од електричните автобуси треба да го подобрат јавниот превоз во Скопје, а 50 ќе добијат неколку другите градови.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.