Четири експлозии одекнаа во Амстердам во текот на ноќта


Во Амстердам во текот на ноќта одекнаа експлозии во четири згради, на најмалку две од нив бил испишан зборот „војна“, а полицијата уапсила двајца осомничени, јави локалната телевизија „АТ5“.

Првата експлозија се случила околу 23.45 часот во станбениот комплекс и неколку прозорци се искршени, а полицијата набгу уапсила двајца осомничени.

Втората експлозија се случила околу 1 часот и го оштетила влезот на зградата, а насилниците на ѕидот го напишале зборот „војна“.

Тој збор сторителите го напишале и на третата зграда, каде што се случила експлозијата околу 3.15 часот.

Полицијата соопшти дека на местото на четвртата експлозија биле оставени експлозиви и дека реагирала Службата за уништување експлозивни направи на Министерството за одбрана, објави „НЛ тајмс“.

28.02.2024 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа