Чаракчиев: Силно инвестираме во инфраструктурата, се гради низ целата држава
СДСМ е силно посветен на реализација на капитални инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните. Како никогаш досега се инвестира во развој на патната инфраструктура низ целата држава, нагласи пратеникот од редовите на СДСМ, Коле Чаракчиев.
Според него, за првпат по 50 години се реконструира патот преку Националниот парк Галичица кој ги поврзува Охрид и Преспа.
Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри, по што продолжува и реализацијата на втората фаза од превојот на Галичица до приклучок на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри, објасни Чаракчиев.
Дополни дека е завршена реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“ во должина од 5,5 километри, во вредност од 36 милиони денари.
„Рехабилитиран и пуштен во употреба е регионалниот пат Крупиште – Пробиштип во должина од 18 километри. Го довршивме автопатот Миладиновци – Штип кој добро знаете како беше оставен и незавршен, нефункционален без тегнички прием и пуштање во употреба. Ја изградивме првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, во вкупна должина од 40.5 км, а во септември очекуваме да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш. Вкупна сума на овој проект е над 46 милиони евра“, напомена пратеникот од СДСМ.
Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ вложила преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура низ целата држава со цел граѓаните да возат побезбедни и модерни патишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа