Царовска: Оценувањето на учениците ќе биде со физичко присуство
Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, односно преку интернет. Иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.
„Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа“, рече Царовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа