Царовска: Наша заложба е секој наставник да добие поддршка во својот професионален развој

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денес учествуваше на меѓународна онлајн дебата „Иднината на образованието“ организирана од списанието за одржлив развој „Лице в Лице“ и асоцијацијата „Паблик“. На конференцијата министерката зборуваше за важноста на наставниците во образовниот процес но и за продолжувањето во инвестирање и осовременување на образованието.

„Важно е да се вложува во наставниот кадар и во мотивација на наставниците со што сите заедно ќе придонесеме за поквалитетно образование. Неопходно е да има двонасочна комуникација, помеѓу институциите во системот и наставниците, со што секој наставник ќе ја добие потребната поддршка во својот професионален развој. На ова посветено и силно ќе работиме “, истакна министерката Царовска.

На онлајн конференцијата учествуваа и експерти за образование од Шведска, Шкотска и Канада, претставници од Светска банка и професори од Северна Македонија.  Активноста е дел од проектот „Лице в лице со граѓаните“, кој е поддржан со грант од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија" имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега