Царовска: Младите ни се важен партнер, работната група МОН-млади ќе учествува во креирањето на успешни образовни политики

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вчера ја одржа првата иницијална средба за формирање на работна група МОН – млади која ќе биде вклучена во креирањето на сите важни политики и процеси поврзани со младите и унапредувањето на младинскиот стандард, како и реформите во образованието.

Како што соопшти МОН, Царовска на состанокот истакна дека младите се важен партнер во создавањето на успешни политики, а еден од приоритетите на министерството е токму создавањето на квалитетно образование и политики насочени кон младите.

Во работната група МОН-млади учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа