Царовска: Он лајн наставата може да се следи и со стари компјутери

Не е точно дека децата треба да имаат скапи компјутери за да ја следат од дома наставата преку он лајн платформата. Наставата може да се следи и со стари компјутери, таблети или мобилни телефони, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, при посета на основното училиште Дане Крапчев, во Гази Баба. 

-Учењето од дома преку он лајн платформата нема да биде лесно, периодот за подготовка беше краток, но ние се чувствуваме подготвени училишната година да ја стартуваме на први октомври. Не треба да се грижиме ниту за повозрасните наставници, кои навидум немаат компјутерски вештини, затоа што алатката брзо се совладува, нагласи Царовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа