Царовска: Граѓаните препознаваат што СДСМ направи за 2,5 години, и како ВМРО-ДПМНЕ 12 години ја рушеше државата
ВМРО-ДПМНЕ за закана за граѓаните, 12 години крвнички се однесуваа со граѓаните, студентите, со парите од државата и со институциите, покжаа целосно расипничко однесување, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
-ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма не нудат ниту нешто ново, ниту нешто што може понуди надеж, исто така имаа 12 години да покажат како се води држава и покажаа како се корумпира државата, се запоседнува судството, како се излеваат парите кај што не треба и тоа во фасади наместо во образование, социјална заштита, здравство, детски градинки, нагласи Царовска.
Tаа истакна дека граѓаните и тоа како, ќе препознаат што СДСМ направи за 2,5 години, и како ВМРО-ДПМНЕ имаше шанса 12 години, а наспроти тоа да гради, ја рушеше државата.
Донесовме праведна држава, заедно со граѓаните ќе направиме правна држава, на оваа држава не смее да и се случи обнова на режим, бидејќи ќе го загубиме европскиот пат, нагласи Царовска.
-СДСМ ќе победи зашто за само 2,5 години направи големи промени, ја интегриравме државата во големи семејства НАТО и ЕУ, го подобривме животниот стандард на граѓаните, ги зголемивме платите и минималната и просечната, но и платитие во јавниот сектор, инвестиравме во децата, ги зголемивме платите во здравството и одлично се справуваме со здравствената криза. И сега граѓаните повторно ќе дадат шанса на СДСМ и коалицијата Можеме, за да продолжиме по истата патека по која чекоревме заедно со граѓаните, порача Мила Царовска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа