Царина го истражува случајот со дрогата во возилото на МВР – велат, бункерот бил премачкан со непозната течност и останал невидлив за кучињата

Царинската управа го истражува случајот со пронајдената марихуана во возило на МВР, во кое била пронајдена запленета марихуана запленета во 2016. година, објави Дојче веле.

Од Царина за порталот велат дека пред пет години на ГП Блаце откриени биле 32,5 килограми марихуана.

-На 2 декември 2016 година, околу 20 часот на влез во Македонија на граничниот премин Блаце, пристигнало патничко моторно возило марка „Chraysler Voyager“ со шведски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Т. државјанин на Кралството Шведска. На прашање на царинските инспектори „дали има нешто да пријави за царинска контрола“, осомничениот одговорил дека нема ништо за пријавување, пишува Дојче Веле.

„Царинските инспектори се посомневале во одговорот и пред да пристапат кон детална контрола на возилото, го искористиле царинското куче кое детектирало присуство на наркотична дрога во возилото. При прегледот на возилото, во специјално конструиран простор наменет за пренесување на дрога, затворен со метален поклопец, биле пронајдени вкупно 61 пакување наполнети со наркотична дрога марихуана со тежина од околу 32,5 килограми“, велат од Царинската управа за ДВ.

Меѓу опаковките, според нив, било истурено кафе и ориз, додека бункерот бил премачкан со непозната течност, со намера да се прикрие миризбата на марихуаната. Царината тогаш поднела кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“до надлежното јавно обвинителство.

Целата анализа прочитајте ја тука.

 

24.09.2021 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега