Катастрофално невреме денеска го парализираше Иберискиот Полуостров. Бурата „Леонардо“ најсилно удри врз Андалузија, каде повеќе од 3.500 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Училиштата се затворени, автобуските и железничките линии се во прекин, а регионот се соочува со вистински потоп.

Најкритична е состојбата во Кадиз и Гразалема, каде веќе има повредени лица при уривање на куќи. Реките се излеваат од своите корита, а во Гранада е урнат дел од мост, со што десетици домаќинства останаа целосно отсечени од светот.

Министерката за одбрана, Маргарита Роблес, соопшти дека армијата и специјалните воени единици за итни случаи (UME) се веќе на терен за да помогнат во извлекување на граѓаните и испумпување на водата од поплавените улици. Властите предупредуваат дека денот ќе биде долг и загрижувачки, со најава за нови евакуации.

Exit mobile version