Бугарите влегуваат во Уставот? Објавен нон-пејпер за решавање спорот меѓу Скопје и Софија

 

Бугарите да влезат во македонскиот Устав, прашањето за јазикот и употребата на краткото име „Северна Македонија“ да се решава според предлозите на претседавачите. Ова е само дел од нон-пејперот кој го објави ТВ Клан, а кој има за цел решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

-Бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за полноправно членство во ЕУ, поради резервите на официјална Софија кон македонскиот национален и историски идентитет, е причина овие денови да се појави уште еден таканаречен “Non Paper” за решавање на споротвите на Балканот, објави телевизијата, додавајќи дека содржината е позната и на водечките членки на ЕУ.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛОСНИОТ НОН-ПЕЈПЕР:

Интеграцијата на Западен Балкан во европските и евроатлантските организации преставува долгорочно безбедносно прашање од висок приоритет. Од неколкуте отворени прашања, како што е финалното решение за односите меѓу Србија и Косово, ревизија на функционалноста на Дејтонската федерација БиХ, акутен предизвик кој создава политички грч на целиот регион е сегашниот застој на процесот за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Освен во Скопје и Софија, недоверба се шири и во Белград и Приштина; Тирана веќе се чувствува загрозена поради неформалниот систем на впарување со Скопје на нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ, а прашање на време е кога ќе се потроши трпението и на официјална Атина, која се уште е под дејството на политичка анестезија од Преспанскиот договор.

Сето ова веќе е нотирано во алтернативните центри на моќ, па присуството на руските хибридни закани и меката економска моќ на Кина во регионот се повеќе се засилуваат.

Таканаречениот “западен“ политички фактор мора да изгради заеднички детален став кој ќе биде наметнат како “земи или остави” решение со цел да се одврзе Гордиевиот јазол чии корени се во историските наративи поврзани со идентитетските прашања на Македонците и Бугарите.
Проблемот лежи во различните аспекти на толкувањето на инаку познатите историски случувања од пред еден век. Митологизацијата на историјата ги доведува двете држави во состојба на политики грч, да се борат за националните интереси кои се сметаат за суштински, од егзистенцијален карактер.
Засега, двете земји ги сметаат компромисните решенија за „лоши“ , кои на долг рок претставуваат сериозна закана за нивната национална безбедност. Оттука и отпорот кој го покажуваат земјите на исклучително високиот степен на политички притисок за изнаоѓање решение. За решавање на овој дел од “македонското” прашање предложен е т.н. дуален принцип, што ќе им дозволи на двете страни сопствен аспект на инаку единствените историски настани.

1. На Република Бугарија ќе и се дадат гаранции за зацврстување на сегашниот концепт на нација - држава, при што ќе и се признае историски контекст за бугарското потекло на нејзините граѓани без исклучок. Со тоа Бугарија ќе се ослободи од траумата дека преку малцинските права ќе и се загрози долгорочната стабилност и безбедност .

2. Во Република Северна Македонија, пак, ќе се засили контекстот на мултиетничкото општество преку вклучување и на бугарскиот наратив.

a. Бугарите ќе се внесат во Утавот, соодветно како и сите други етнички заедници (прецизно – дел од бугарскиот народ),

b. Здруженијата на Бугарите со тоа ќе добијат заштита и посебна нега од државата за да негуваат, да промовираат и изучуваат сопствен аспект на историските настани и тоа ќе им биде уставно загарантирано,

c. Мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци, и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја,

d. Тоа подразбира дека ќе постои единствена фактичката вистина, произлезена од емпириската научна активност, но на која ке и се овозможи дуален аспект за дефинирање на националниот контекст и значење за двата национални идентитети.

e. Овој дуален систем ќе се примени и во образовниот систем, со дуално објаснување на контекстот на историските настани, независно од државот наратив на Северна Македонија , или условно – македонскиот наратив, а друг ќе биде истакнат со посебна назнака како бугарски наратив.

3. Прашањето на јазикот и употребата на краткото име за mСеверна Македонија, треба да биде решено според предложеното од претседавачките предлози (Германски, Португалски, Словенечки) кои веќе беа неофициално земени во предвид како прифатливи за двете страни.

13.09.2021 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега