Бруклин Бекам ја покажа големата тетоважа посветена на сопругата Никола Пелц на фотографија направена за време на пробата за ревијата на модната куќа „Баленсијага“ (Balenciaga) во Париз.

Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам пристигна во француската престолнина со сопругата по повод Модната недела. За време на престојот, тие се наоѓаа на само неколку километри од неговото семејство, со кое во моментов е во затегнати односи. Неговите родители и браќа и сестра, исто така, беа во Париз за да ѝ дадат поддршка на Викторија на нејзината модна ревија, пренесува „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Бруклин (27) позираше без маица за време на пробата за ревијата на „Баленсијага“, а фотографијата ја сподели неговата сопруга Никола (31), со која е во брак веќе четири години. На фотографијата јасно се гледа големата тетоважа на неговиот грб, една од бројните тетоважи што ѝ ги посветил на сопругата.

Тетоважата содржи љубовно писмо што Никола му го напишала непосредно пред нивната свадба, а Бруклин одлучил трајно да го зачува на својата кожа.

„Љубов моја, прочитај го ова секогаш кога чувствуваш вознемиреност. Сакам да знаеш колку длабоко си сакан. Имаш најпрекрасно срце од сите што некогаш сум ги запознала и се надевам дека никогаш нема да морам да поминам ниту еден ден без твојата љубов. Мислам дека си неверојатен“, гласи првиот дел од пораката.

Во продолжението на писмото, Никола му испратила уште една емотивна порака на својот иден сопруг.

„Само знај дека можеме да надминеме сè заедно ако дишеш бавно и имаш верба. Те сакам повеќе отколку што зборовите можат да опишат. Засекогаш со љубов, твојата идна сопруга“, напишала таа.

Бруклин и Никола пристигнаа во Париз минатата недела, каде што присуствуваа на модни ревии и уживаа во заедничките излегувања. Во средата поминаа романтична вечер заедно и присуствуваа на ревијата на „Баленсијага“, одржана во „Тенискиот клуб на Париз“ (Tennis Club de Paris).

Иако беа дел од повеќе настани за време на Модната недела, Бруклин ја пропушти ревијата на својата мајка Викторија, одржана за време на викендот. Додека Дејвид, Харпер, Ромео и Круз Бекам, заедно со девојките на Ромео и Круз, ја следеа ревијата од првиот ред во парискиот „Консиержери“ (Conciergerie), Бруклин и Никола се наоѓаа во близина на Лувр.

И покрај тоа што престојуваа во истиот град, не дошло до средба со семејството. Засега нема знаци дека затегнатите односи меѓу Бруклин и неговите најблиски наскоро би можеле да се подобрат.

Exit mobile version