Бројот на починати лани зголемен за 10,7 отсто, најчести причини се кардиоваскуларните болести и ковид-19
Бројот на починати лица во земјава лани е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на починати лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се евидентирани во април (3 212).
Просечната возраст кај починати од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат починатите лица од болести на циркулаторниот систем – 35.9 %, а потоа се случаите кај кои како причина се јавува пандемијата на КОВИД-19 со 20.6 %, неоплазмите со 13.8 %, кај 5.8 % причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4.2 % се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа