Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува
    • Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

    Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет Сет“ се искачи на 184

    10.04.2025 во 10:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, соопштија властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

    Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките тимови се уште се на терен во потрага по тела и можни преживеани, иако никој не бил пронајден жив до вторник попладне, пренесе АП.

    „Ние нема да оставиме никого. Продолжуваме да работиме“, рече Мендез.

    Несреќата се случила ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, додека стотици луѓе уживале во концертот на познатиот пејач Рубио Перез. Во клубот во тој момент имало музичари, спортисти и официјални лица.

    Прво почнала да паѓа прашина од таванот, а потоа се урнал покривот и ги затрупал посетителите со бетонски плочи.

    Досега се идентификувани 54 тела, додека најмалку 33 остануваат неидентификувани.

    Повеќе од 200 луѓе се повредени, а најмалку 20 лица се хоспитализирани, од кои осум се во критична состојба.

    Причината за уривањето на покривот се уште не е позната, а истрагата е во тек. Се огласи и сопственикот на клубот „Џет сет“, кој изјави дека соработува со надлежните, додека одговорноста за евентуалните пропусти се уште се истражува.

    Популарно

    Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.