Брнабиќ спука по опозицијата: Ако немате ништо посилно од солзавец - не доаѓајте утре

 

Собранието на Србија вечерва ја заврши седницата, а нејзиното продолжение е закажано за утре во 10 часот. Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ и порача на опозицијата дека ако немаат ништо посилно од шок бомби и солзавец и противпожарни апарати, да не се појавуваат, бидејќи денеска со тоа не ги исплашиле.

„Пратениците од мнозинството денеска покажаа како се зачувува достоинството на Собранието, а опозицијата покажа како сака да го погази не само достоинството на Собранието, туку и на Србија. Да се ​​повлечевме по шок-бомбите, тоа ќе значеше дека секој дивјак, насилник и терорист и кукавица можеше да ја блокира работата“, рече Брнабиќ на крајот на денешната седница.

Таа изјави дека пратениците на владејачкото мнозинство покажале до каде се спремни да одат и да се борат за Собранието, институциите и за секој граѓанин на Србија.

Брнабиќ ги повика сите пратеници да одат во своите пратенички клубови и да почекаат Управата за криминалистичка полиција да изврши увид поради внесување пиротехнички средства, за подоцна да им помогнат на жените кои работат во Собранието да ја исчистат салата.

Седницата на Собранието на Србија, на чиј дневен ред, меѓу другото, се измените на законот за високо образование, предлог-законот за станбени кредити за млади и гласање за разрешување на Брнабиќ, во еден момент беше прекината откако пратениците од опозицијата активираа пиротехнички средства во собраниската сала.

04.03.2025 - 19:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега