Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник

 

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ најави дека седницата на која ќе се расправа за измените на Законот за локални избори, за да тие се одржат на 2 јуни, е закажана за понеделник во 11 часот,јави дописникот на МИА од Белград.

-Она што ме радува е што повеќе од две третини од пратениците го поддржаа предлогот за измени на Законот за локални избори, вкупно 184 пратеници се предлагачи на измени на законот, рече Брнабиќ.

Таа прецизираше дека сите пратеници на владејачката коалиција, потоа од опозицијата-Народното движење на Србија, Новото лице на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, независните пратеници на Движењето на слободни граѓани, како и партијата на Шаип Камбери дале поддршка.

Брнабиќ изјави дека одлуката на опозицијата за бојкот на изборите е неодговорна и дека тоа ја покажува нивната врвна несериозност. -Мислам дека тоа покажува највисоко ниво на неодговорност.

Разговаравме 17 дена, тоа беше предлог на маса. Дури ни дадоа рок до 18 април, и ние го испочитувавме тој рок. Ако сакаат да бојкотираат нека бојкотираат Не би се занимавала повеќе со тоа.

Нека им објаснат на своите поддржувачи зошто е таква одлуката и повторно сум сигурна дека ќе го сменат мислењето. Тоа е и мојата препора, изјави Брнабиќ.

На новинарско прашање колку е реално да се исполнат барањата на опозицијата во однос на избирачкиот список и медиумите, Брнабиќ рече дека ќе се обиде да ја забрза работата, дека работните тела кои ќе се занимаваат со контрола на избирачкиот список а по препораките на ОДИХР ќе се формираат што е можно поскоро.

-Во однос на медиумите ќе побарам да имаме средба со медиумите и да ја отвориме и таа тема.

Ќе дадам се од себе до 2 јуни да спроведам што е можно повеќе, особено во однос на медиумите и избирачкиот список.

На крајот на краиштата, неколку пати го поставив тоа прашање „зошто инсистирате на тоа ако се сомневате дека сите препораки на ОДИХР може да се спроведат дотогаш“, рекоа затоа што тоа ќе обезбеди да немаме миграција на гласачи.

Тие инсистираа и ние тоа го прифативме, иако се уште мислам дека нашиот предлог да се одржат изборите во Белград сега, а сите други наесен беше многу подобар, рече Брнабиќ. 

20.04.2024 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега