Брнабиќ: Основна одговорност на здравствените работници e да се вакцинираат

 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека лекарите мора да бидат пример за останатите, тоа е дел од нивната одговорност и дека 100 отсто од здравствените работници треба да се вакцинираат против Ковид, пренесува Блиц.

„Имаме 66 отсто од здравствените работници кои се вакцинирани, но огромен број од нив не е. Основна одговорност е да се вакцинираат. Ако можеме, би отишла на задолжителна вакцинација за нив“ рече Брнабиќ во гостувајњето на ТВ Прва.

Таа додаде дека на денешната седница на Кризниот штаб главна тема ќе биде и почетокот на учебната година.

„Предлогот е учебната година да започне нормално, со целосен фонд на часови, со задолжителни маски. Апелираме до сите просветни работници да се вакцинираат. Мислам дека е исклучително важно оваа учебна година децата нормално да одат на училиште“ изјави Брнабиќ, оценувајќи дека вакцинацијата на младите, кои во Србија се вакцинирани само околу 20 отсто, е исклучително важна.

Таа додаде дека мора да се научи да се живее со вирусот и дека вакцините се достапни за секого, што е главна мерка во борбата против епидемијата.

 

24.08.2021 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега