Актерката Брижит Бардо била итно префрлена во болница по операција поради сериозна болест со која се борела веќе некое време, објавува „Дејли меил“.

Актерката, која има 91 година, наводно била примена во приватната клиника „Сен-Жан“ во Тулон пред околу десет дена, каде што сè уште се лекува.

Брижит Бардо ја напуштила болницата на почетокот на октомври по мала операција, а деталите за болеста не беа откриени за јавноста. По повеќе од три недели поминати во споменатата клиника во Тулон, таа се вратила во својот дом во Сен Тропе.

Во тоа време, нејзиниот портпарол изјавил за „Дејли меил“: „Госпоѓа Бардо се врати дома и сега одмора. Таа е добро“.

Сепак, францускиот медиум „Нис Матен“ неодамна објави дека познатата актерка повторно била итно префрлена во болница поради истиот здравствен проблем.

Минатиот месец, актерката беше принудена јавно да ги негира гласините за сопствената смрт, кои се проширија по нејзината претходна хоспитализација.

Exit mobile version