Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ

    17.08.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Ангелов: Пожарот кај прилепското село Чаниште зафати најмалку една куќа и помошен објект, екипите спречија поголема катастрофа
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Британските затвори ги отвораат вратите: Владата ослободува 5.000 осуденици

    Британските затвори ги отвораат вратите: Владата ослободува 5.000 осуденици

    04.08.2026 во 17:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени од затворите во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври.

    Одлуката следува откако британската Влада го промени првичниот план за намалување на пренатрупаноста во затворските капацитети.

    Според првичниот план, од септември требаше да бидат ослободени околу 6.000 затвореници. Сепак, по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни сексуални злосторства против деца и сексуална злоупотреба беа исклучени од оваа шема, пренесува Гардијан.

    Британскиот министер за правда Алекс Норис изјави дека би сакал да види повеќе затвореници исклучени од програмата, но предупреди дека тоа ќе доведе до „колапс“ на затворскиот систем поради недостаток на капацитет.

    Тој посочи дека целта на оваа реформа е долгорочно решавање на проблемот со пренатрупаноста, без потреба од идни итни програми за ослободување.

    Според новите правила, одредени осуденици за специфични сексуални и насилни злосторства сè уште ќе можат да излезат по отслужување на половина од казната, доколку немале сериозни дисциплински прекршоци.

    Одлуката веќе предизвика силни реакции кај семејствата на жртвите.

    Премиерот Бернам изјави дека програмата е последица на долгорочно недоволно инвестирање во затворскиот систем помеѓу 2010 и 2024 година, додавајќи дека без овие мерки затворскиот систем би можел да се распадне и да ги загрози полицијата и судовите.

    Властите најавија дека сите предвреме ослободени лица ќе бидат под построг надзор, кој за одредени категории вклучува и задолжително Џи-пи-ес (GPS) следење.

    Конзервативната опозиција ги критикуваше промените како недоволни и најави дека доколку дојде на власт ќе ги зголеми затворските капацитети, ќе изнајмува затвори во странство и ќе ја забрза депортацијата на осудените странски државјани.

    Прочитај повеќе

    Почнува судењето за убиството на Тупак

    17.08.2026 во 21:27

    Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа

    17.08.2026 во 21:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.