Британски „Индипендент“ го обвинува премиерот за непотизам

 

 

Лондонскиот весник „Индипендент“ пишува дека премиерот Риши Сунак за свој личен политички секретар го назначил „својот стар пријател“ Џејмс Форсајт.

Форсајт е политички уредник на „Спектејтор“ и колумнист на „Тајмс“, а исто така, како што пишува „Индепендент“ е стар пријател на премиерот на Британија.

Двајцата студирале во престижниот колеџ Винчестер и „заемно ги кумувале своите деца“, пишува „Индипендент“. Лондонскиот весник додава дека во меѓувреме од Даунинг стрит е потврдено дека Сунак го назначил Џејмс Форсајт за свој личен политички секретар.

„Индепендент“ пишува и дека Сунак наводно бил кум на венчавката на Форсајт со Алегра Стратон, која била прес секретарка на поранешниот британски премиер Борис Џонсон. Еднаш поднесе оставка поради скандалот „Партигејт“, откако се појавија видеа на кои се шегува за забавите во британската влада.

25.12.2022 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега