Божиновски и Начевски ќе го судат финалето на ЕХФ шампионатот до 19 години

Македонскиот ракомет и ракометните судии минуваат низ многу позитивен момент. По големото олимписко финале, кое им беше доверено на Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, и добивањето на петтиот интернационален пар во името на браќата Илиевски, сега уште еден судиски пар доби големо признание, пишува Гол.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски се делегирани да го водат финалниот дуел од ЕХФ шампионат за играчи до 19 години во Варна.

Начевски и Божиновски ќе им судат на Фарски Острови и Белорусија попладнево во 18:00 часот.

Победникот од дуелот ќе се пласира на ЕХФ Еуро првенството, а поразениот ќе игра квалификации.

22.08.2021 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега