Бојмацалиев од Пробиштип: Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев денеска беше во работна посета на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип каде што оствари работни средби со раководствата на Полициското одделение Старо Нагоричане, Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип, во рамки на серијата посети со цел увид во постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и во евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.
Посочи дека заклучокот од сите состаноци е дека безбедносната состојба е поволна и стабилна. Штабовите за претседателските и парламентарните избори функционираат, прибираат информации, со цел фер, слободни и деморкатски избори, како што беа од 2017 година навака, а така ќе биде и овие избори ќе го дадеме максимумот од МВР.
-Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Куманово, 100 проценти сите полициски објекти во овој реон се реконструирани, а меѓу нив се и: полициската станица Кратово со 3.800.000 денари, полициското одделение Старо Нагоричане со 3.460.000 денари и Полициското одделение Ранковце со 1.400.000 денари, средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потсети дека и на територија на СВР Штип во период од шест години се реконструирани осум објекти.
-Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Пробиштип (четири милиони денари) ,ОВР Свети Николе, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени вкупно над 90 милиони денари. Само еден објект на подрачје на СВР Штип не е реконструиран, за што се обврзуваме во наредниот период да го реконструираме, со што и тука ќе дојдеме до 100% опфатеност на подобрување на условите за работа, рече Бојмацалиев, со уверување дека подобрените работни услови на колегите од СВР Куманово и СВР Штип, по цели 50-60 години, ќе бидат мотив и понатаму да продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа