Close Menu
    Најново

    Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители

    04.12.2025 во 20:18

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59

    Густа магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево

    04.12.2025 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Важно е да ја подигнеме свеста за што е потребна координирана реакција од сите општествени чинители
    • Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито
    • Густа магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
    • По две години пауза: Орце дава пари за инвертер клима уреди
    • Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари
    • Разбиена мрежа – испрала 700 милиони евра преку криптовалути
    • Град Скопје до граѓаните: Исчистете си ги оџаците
    • Teшка сообраќајка кај скопска обилколница – две лица завршија на Клиники
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Бојковска: Овој буџет за 2026 создава услови кои младите ги заслужуваат

    Бојковска: Овој буџет за 2026 создава услови кои младите ги заслужуваат

    15.11.2025 во 11:52
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ние, како парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ја имаме обврската да поставиме нови стандарди, да го коригираме она што беше погрешно, и да го вратиме достоинството на институциите и граѓаните, рече Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026.

    Според неа најважниот сегмент кој ја одредува иднината на Република Македонија е вложувањето во младите и во образованието.

    Бојковска посочи дека овој Предлог-буџет го прави токму тоа, ја засилува образовната инфраструктура, ги поддржува студентите, ја поддржува науката и создава услови кои младите ги заслужуваат.

    „Министерството за образование и наука добива 45,7 милијарди денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе од 2025 година“, рече Бојковска.

    Бојковска информираше за средствата определени за образование по посебни ставки.

    „Во високото образование 11.290 милиони денари – зголемување од 315 милиони.  Зголемувања има за УКИМ, за Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, за Универзитетот во Тетово и Универзитетот Гоце Делчев во Штип. ФИНКИ и ФФК конечно ќе добијат современи и функционални згради, за нив се издвојуваат 32,5 милиони денари во 2026 година. Нашите студенти одамна го заслужија ова. Доста е од импровизирани училници и лоши услови. Додека едни лажеа, правеа спотови и ветуваа студентски градови, ние наоѓаме решенија на  проблемите. И најважно – реализираме“, вели 

    Бојковска.

    Бојковска се осврна посебно на програмата за одделот наука информирајќи дека се издвојуваат 823,4 милиони денари.

    „Или 26% повеќе од 2025 година. Ова е еден од нашите приоритети – да се вложува во научно истражувачката работа и да имаме нација која ќе ја носи државата на здрави столбови. Никогаш повеќе претходно не се поддржала науката и научната дејност“, кажа Бојковска.

    Пратеничката информираше и за средствата наменети за средното образование кое добива дополнително зголемен Буџет.

    „Особено сакам да го потенцирам вложувањето во инклузивното средно образование.  Изградбата на спортски сали во основните училишта е зголемена за 44% или 113 милиони денари. Ова се инвестиции во генерации, во таленти, во иднина“, заклучи Бојковска.

    Популарно

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.