Богоевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ не преземе нешто во иднина може да биде партија која ќе замине во историјата

Треба да направиме две разлики и тоа протестите против поскапување на струјата и протестите кои ги најавува ВМРО-ДПМНЕ, истакна Павле Богоевски во вечерашното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5.

„Протестите што постојат се изворни или граѓански и потекнуваат од вистинскиот револт на граѓаните. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да направи е да одбере тема која е актуелна во моментов и која е болна за граѓаните за да си ја препише на своето партиско конто.

Богоевски се сомнева дека ВМРО има капацитет во моментов да мобилизира толку луѓе заради внатрепартиската дисциплина која пука по шевови.

„Несогласувањата во партијата се многу гласни за да може претседателот на партијата да има обединувачки повик за целото членство и мислам дека ако не преземе нешто ВМРО-ДПМНЕ во догледно време ќе биде маргинална партија, а во иднина може да биде и партија која ќе замине во историјата, истакна Богоевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа